Агент на украинските специјални служби уапсен на Крим

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Агент на украинските специјални служби е уапсен на Крим, соопшти Федералната служба за безбедност на Русија.

Како што е наведено, станува збор за Владислав Есипенко. Според ФСБ, тој подготвувал „субверзивни акции“ во интерес на украинската страна.

Федералната служба за безбедност објави видео од апсењето на државјанинот на Русија на кримскиот автопат.

При претресот на автомобилот, пронајдена е бомба, сувенир со насликани знамиња на Украина и ЕУ, нож и телефон.

Есипенко ги фотографирал околината, стратешките објекти и местата каде што луѓето се собираат најмногу, соопшти ФСБ.