Ахмети дојде на интервју со два големи автомобили, но вели: Тие се модерни и не ја загадуваат околината како другите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пред неколку дена Али Ахмети, лидерот на ДУИ на прес-конференција соопшти дека ДУИ станува зелена партија. Иако промовира зелена агенда, Ахмети на интервју дојде со два големи автомобили кои трошат во просек по 18 литри гориво.

Ахмети во „Клик Плус“ на ТВ21 на тоа коментираше дека автомобилите се направени по модерна технологија и дека не ја загадуваат околината.

„Мислам дека малку претеравте кога кажавте големи автомобили“, рече Ахмети.

ТВ21: Големи се од протоколарни причини, но со голема кубикажа.

Ахмети: Тие се во рамките на нормалноста.

ТВ21: Но трошат многу гориво.

Ахмети: Технологијата напредува, и тие се направени така да не трошат многу гориво и да не ја загадуваат околината како другите автомобили, бидејќи ги имам направено сите тестови. Но, не се согласувам со ова што го велам бидејќи повторно влијаат на животната средина. Се до замената на нова технологија која ќе има нула влијание врз животната средина.