Претрес во Скопје, приведени татко и син, пронајдени пет килограми марихуана

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска (24.07.2026) од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по Наредба од Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес на дом и други простории кај С.Љ.(51) од Скопје.

При претресот пронајдени се пет килограми наркотична дрога марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.

С.Љ. и неговиот син Б.Љ.(19) се лишени од слобода и по целосно документирање на случајот против истите ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик по итна постапка.