Ахмети: Ќе реагираме како што ќе биде потребно – според Филипче, реториката на заканите е дел од политичкиот фолклор

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

По најавите на првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, дека ако се допрел албанскиот јазик, плоштадите во Скопје ќе се наполнеле, генералниот секретар на оваа партија, Фатон Ахмети беше прашан што конкретно мислеле кога зборуваат за ова. Се обиде да одговори со прашања.

„Ве прашувам како Албанец, како гледате на овој процес“?

– Јас ве прашувам бидејќи сум во улога на новинар?

„Како се чувствувате како Албанец во овој случај?“

– Не можам да одговорам, кои се вашите механизми?

„Мислам дека секој Албанец се чувствува загрозен и секој Албанец не се чувствува удобно со овие постојани закани што се упатуваат на политичките процеси кои се постигнати со голем труд кај нас. Реакцијата ќе биде онака како што ќе бара времето и моментот“.

За пораките на Ахмети и ДУИ, Мицкоски одговори на овој начин:

Од друга страна, првиот човек на СДСМ, Венко Филипче, вели дека реториката за дестабилизација на државата е дел од политичкиот фолклор. Филипче вели дека доколку постои ризик за дестабилизација на државата мора да реагираат безбедносните институции.

Не само за јазикот, Ахмети и Мицкоски се судрија и за влијанието врз судството, но и за изјавата на премиерот кога рече дека има чувство дека доаѓаат проблеми за опозициските политичари. Според ДУИ, Мицкоски со тоа се заканува и ја злоупотребува власта.