Ахмети: Мицкоски ја видел војната само на телевизија, Мицкоски на Фејсбук му одговори со калашников

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети за време на вчерашниот собир во Тетово рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја видел војната само на телевизија.

-Мицкоски не бил во војна во 2001 година, тој војната ја видел само на телевизија!-рече Ахмети.

Со реакција се јави и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. Тој на неговиот Фејсбук профил објави фотографија од војната во 2001 облечен во воена униформа и со калашников в раце.

-Басните за 2001-ва може Али да ги раскажува на Димитар Ковачевски. Првиов се храбри од своите удoбни хациенди од Зајас, додека албанскиот народ, исто како македонскиот, гладува. Вториот како дезертер од 2001-ва сѐ ќе му поверува и мора да спроведе, за да прави криминал и тој самиот. Другпат добро нека гледаат и читаат што кажувам, а не да вадат од контекст.
П.С. Јас пак мислев дека ќе се пофалат со нова фабрика.“, напиша Мицкоски.

Од СДСМ со куса реакција. Велат дека милитаристичките изјави на Мицкоски покажуваат дека е заложник на Апасиев.

-Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ стануваат заложник на популистичките политики и потпалувачките реторики на Левица, кои се испречуваат на европскиот пат на државата и се натпреваруваат со нив во штетното политичко делување-велат од СДСМ.

Препукувањето меѓу Мицкоски и Ахмети почна откако Ахмети во текот на говорот што го одржа во Шипковица рече дека тие ја добиле војната, по што Мицкоски возврати дека и тој бил во војната, но дека немал чувство дека Ахмети е победникот.