„Ахмети одлучува за претседателот на огранокот“ – Селами: Не сум размислувал дали би прифатил да го менува Меџити

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Прашан за неговото спомнување како потенцијален кандидат за да го замени Изет Меџити како претседател на огранокот на ДУИ во Чаир, Абдилселам Селами, вели дека не размислувал дали би ја прифатил оваа задача, а додаде дека кој и да се избере за претседател на овој огранок, ќе ја имаа поддршката на Али Ахмети.

„Факт е дека ќе има избори во огранокот Чаир. Претседател на огранокот ќе биде тој што го сакаат граѓаните на Чаир и кој ќе ја има безрезервната поддршка на нашиот претседател Али Ахмети, бидејќи тој одлучува кој е претседател на огранок на ДУИ“, вели Абдилселам Селами.

ДУИ веќе 2 дена по ред молчи во врска со изборите за претседатели на ограноци, односно за разрешување на претседателите кои се дел од Огнената група. Тв21 пред неколку дена извести дека ДУИ одржала состанок на раководството, без присуството на Огнената група, каде едногласно се гласало за разрешување на членовите на Огнената група од секоја партиска функција.

Според потпретседателот и водачот на фракцијата, Изет Меџити, во ДУИ владее длабока анархија.

„Тие одат од грешка во грешка и за жал ДУИ влезе во стапица со анархистичко постапување. Длабока анархија која не и личи и не била карактеристика за ДУИ. Ние постојано баравме за да се врати дебатата во органите, да функционираат партиските органи, но тоа не сме го барале вака на скриен начин, на селективен начин, без кворум да се соберат неколку лица и да дебатираат како ќе ја делат ДУИ“, вели Изет Меџити.

За огранокот Чаир, освен Абдилселам Селами, се спомнуваат и имињата на Адријан Муча и Беким Незири.  Неофицијално се дознава дека група на лица блиски до Назим Буши инсистирале за да го преземат раководството во огранокот Чаир, но изворите велат дека оваа група може да ја поддржува и кандидатурата на Беким Незири.