Ахмети: Освен Левица не постои политичка партија која е против НАТО и ЕУ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за РТВ21 Косово посочи дека освен Левица не постои политичка партија која е против Европска Унија и НАТО.

„Нема политичар во Македонија, освен една мала партија наречена Левица која е против зачленувањето во НАТО, против Европската Унија, против Охридскиот договор, против Преспанскиот договор, против признавањето на Косово, против развојот на Албанците во регионот, тоа е нивниот лидер Апасиев, а имаат два пратеника кои сепак имаат влијание во одредени слоеви на граѓани“, вели Ахмети.

Тој додава дека сепак нема сериозна политичка партија со сериозно влијание која е против НАТО и ЕУ.