Ова утро не беше вообичаено за лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој денеска, за прв пат, во својство на сведок се најде пред меѓународните обвинители на Специјалниот суд во Приштина во врска, да зборува во врска со активностите на актуелниот претседател на Косово, Хашим Тачи, лидерот на ДПК Кадри Весели, како екс припадник на ОВК, кои се осомничени за воени злосторства. Ахмети освен што учествуваше во таа војна, тој е еден од основачите на ОВК.
„Како водач на Народното движење на Косово, како организација која е основач на ОВК; и ќе бидам интервјуиран како еден од основачите на ОВК како и за дејноста на овој воен субјект во периодот ‘98,’ 99 и 2000 година“, истакна Али Ахмети.
Исказот на Ахмети започна во 9 часот, извести за ТВ21в организиациониот секретар на ДУИ, Артан Груби кој го придружува Ахмети во Приштина. Агендата предвидува Ахмети да сведочи и утре.
Од Специјализираните домови и Канцеларијата на Специјалниот обвинител на Косово, не споделуваат ниту еден детаљ во врска испрашувањето на Ахмети.
„Свесен сум дека г. Ахмети соопштил дека ќе биде интервјуиран од страна на Канцеларијата на Специјалниот обвинитеч. Оваа канцеларија не ја објави оваа информација и не дава информации околу истрагата. Од таа причина не можеме да ви ги дадеме информациите што ги барате“, посочи Кристофер Бенет.
Специјалниот суд веќе ја објави најавата за обвинение против претседателот на Косово, Хашим Тачи и лидерот на ДПК, Кадри Весели, осомничени за, како што вели Специјалниот суд, десетици убиства. Освен нив, обвинети се и други лица чии имиња не се објавени.
