Ахмети се залага за унапредување на младите, Меџити потсетува дека Артан, Фатмир и Бујар не се млади

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ДУИ продолжува со средбите со граѓани со две екипи на терен. Претседателот Али Ахмети, синоќа го посети Боговиње, а т.н. „огнена група“ отпатува во Кичево. Ахмети вели дека си задал задача себеси за унапредување на новите генерации.

-Си зададов задача себеси – новите генерации да бидат унапредени, да се мотивираат и да бидат инспирирани да преземат одговорност на себе. Рековте слободен нов век, но новиот век, особено од новите генерации очекува квалитет.
Но, од друга страна, Изет Меџити, вели дека Артан Груби, Фатмир Бесими и Бујар Османи не се млади, туку негова генерација-рече Ахмети.

-Какви реформи? Вели да ги поддржиме младите. Но, кои млади? Артан е моја генерација, на Блерим. Тоа што дошол подоцна во ДУИ треба ли да го сметаме како нешто ново? Или Фатмир Бесими? Јас го почитувам Фатмир Бесими како експерт по финансии, но дали е за финансии, дали за одбрана, дали за интеграции или за друго? Бујар Османи дали е експерт за надворешна политика, за здравство, интеграции или портпарол… Значи, не треба да правиме импровизации наводно за реформи-изјави Меџити.

А непосредно пред средбата со граѓаните на Кичево, Меџити се сретна со градоначалникот на оваа општина Фатмир Дехари, по што објавија и фотографија. Дехари не присуствуваше на средбата со „огнената група“, но преку социјалните мрежи побара да се надминат разликите и испрати повик за обединување на партијата.