Ахмети: Сигурен сум дека оваа коалиција ќе биде поздравена од сите граѓани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети истакна задоволство од договорот за коалиција со СДСМ за новата влада, и рече дека е сигурен дека овој договор меѓу партиите ќе биде поздравен од сите граѓани.

„Сигурен сум дека овој договор, оваа коалиција ќе биде поздравена од сите граѓани на земјата. Убеден сум дека денеска направивме многу добра работа, и оваа коалиција ќе ги услужиме сите наѓи граѓани. Ова партнерство ќе го надградуваме уште четири години, и јас сум убеден дека ќе биде најуспешна коалиција до сега“, рече Ахмети и додаде:

„Посакувам успех на новата Влада, и на оваа коалиција“.