Утрово на граничниот премин „Богородица“ имало зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата било околу два часа, соопшти АМСМ.
На ГП „Табановце“ за влез во државата се чекало околу 30 минути, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози, но интензитетот е зголемен. Од АМСМ апелираат возачите да бидат внимателни и да ја прилагодат брзината, особено на делниците каде е можна појава на одрони.
