Забраната за користење на водата во Крушево останува на сила

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Забраната за пиење и домашна употреба на водата во Крушево и понатаму останува на сила, иако првата анализа на примерокот земен по воведувањето на мерката покажала дека водата е бактериолошки исправна.

Од Центарот за јавно здравје – Прилеп велат дека забраната ќе биде укината дури откако и преостанатите два последователни примероци ќе ги потврдат истите резултати, што се очекува најрано до вторник.

Во меѓувреме, граѓаните и понатаму треба да користат пакувана вода или вода од други безбедни извори, а досегашните проверки не покажале појава на заразни заболувања поврзани со неисправната вода.