По силниот земјотрес кој попладнево зафати поголем дел од Турција, лидерите на политичките партии упатија пораки за сочувство и надеж дека штетите ќе бидат што помали.
„Многу наши сонародници живеат во таа земја и се надевам дека последиците ќе бидат што поприфатливи. Граѓаните на Измир се во нашите молитви и изразуваат искрено сочувство до семејствата на сите кои ги загубија своите животи во земјотресот“, напиша вечерва на социјалната мрежа Фејсбук, лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Бројот на жртви во денешниот земјотрес кој се случи во Турција и Грција, се искачи на 14. Епицентарот на земјотресот со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала, бил во Егејското море, 17 километри од брегот на Измир. Две деца загинаа на островот Самос, кој припаѓа на Грција, откако се урнал ѕид.
