Во интервју во „Click Plus” на ТВ21, лидерот на ДУИ Али Ахмети зборуваше дека во партијата има донесено нови кадри од Европа, и дека се планира носење и на други. Ахмети исто така кажа дека ДУИ никогаш не била статична партија, туку партија која носи иновации, иницијативи и дека триумфирале во сите цели кои ги поставиле.
„Па сега Демократската Унија за Интеграција има донесено и кадри од Европа, а се планираат и други експерти од Европа. Имаме професионалци кои се кај нас најдобри и се ангажирани од Демократската Унија за Интеграција, со огромни искуства“, рече Ахмети и додаде:
„Никогаш не сме биле статични. Од секогаш сме биле партија, движење на иновации, од секогаш сме биле партија, движење на иницијативи, од секогаш сме биле храбра партија и движење и сме дејствувале храбро и сме триумфирале во сите цели кои сме ги поставиле.“, вели лидерот на ДУИ.
Целата изјава низ видео:
