Продолжува намалувањето на бројот на прегледи во Гостивар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство објави табеларен приказ со дневните показатели за пациенти кои првпат побарале лекарска помош во Општата болница и Здравствениот дом во Гостивар, заклучно со 24 јули.

Според податоците, трендот на намалување на бројот на прегледи продолжува. На 24 јули се евидентирани вкупно 80 први прегледи – 65 во Општата болница и 15 во Здравствениот дом, што е значително помалку во однос на претходните денови.

Од 14 до 24 јули се регистрирани вкупно 3.945 први прегледи, а најголем дневен број е забележан на 18 јули, кога биле извршени 649 први прегледи.