Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го честираше 9. Мај – Денот на Европа, потенцирајќи дека сега повеќе од кога било на земјата и е потребно зачувување на стратешката ориентација кон големото европско семејство.
„Денес, на Денот на Европа, ја реафирмираме нашата непоколеблива посветеност на евроинтегративниот пат на нашата држава.
На нашата земја повеќе од кога било ѝ е потребно зачувување на стратешката ориентација кон големото европско семејство. Интеграцијата во Европската Унија не е само политичка аспирација, туку неопходност за стабилност, развој и подобра иднина за нашите граѓани.
Нека овој 9 Мај послужи како момент за размислување за сите политички чинители, да ги оставиме настрана дневните и популистичките интереси и да се обединиме околу големите државни цели.
Само со одговорност, соработка и јасна европска визија можеме да изградиме сигурна иднина за нашата држава.
Среќен Ден на Европа!“, напиша Ахмети.
