Ахмети за „Монструм“: Бевме вознемирен и исплашени да не ескалира ситуацијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешното сведочење за случајот „Монструм“ кака дека за петкратното убиство кај Смилковкото Езеро дознал наредниот ден и оти имал повеќе разговори со негови соработници, како и со претставници на меѓународната заедница, со цел да не се злоупотреби настанот.

Стравувал дека овој случај може да доведе до судири и несакани случувања.

– Бевме вознемирени и сакавме да ја знаеме вистината за овој настан. Сите на некој начин бевме исплашени да не ескалира ситуацијата и дојде до судир, кажа Ахмети.

Тврди дека тој и ДУИ давале придонес да се расчисти случајот. За тоа побарал поддршка и од претставици на САД и ЕУ, како и меѓународен мониторинг на судскиот процес.

Во изјавата за медиумите по сведочењето, Ахмети рече дека побарале повторување на судењето со меѓународен мониторинг за да се утврди вистината.

– Ние очекуваме судските власти да го разработат и да го расветлат случајот. Само така може да најдат мир тие што ги загубија своите најмили. Сме разговарале со политички авторитети затоа што политичките авторитети, политичките партии имаат одговорност за да ја менаџираат ситуацијата и на крај наша проценка беше дека постапката мора да се повтори со биолошки, со материјални докази, на најтранспарентен начин за целата јавност, затоа што овој случај е навистина трагедија и ако не се расветли така како што треба може да има последици. Затоа некој бара ова да го искористи за политички цели со  најлоши намери за да ги стави двете страни во конфликт, кажа Ахмети.