Фетаи праќа поздрави од Тајланд

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вицепремиерот за политики за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи објави фотографија од Тајланд.

И ова не е ништо невобичаено, ако се знае дека министерот Фетаи подолго време не присуствува на седници на Влада и не оди на работа. Ова неодамна го потврди министерот за здравство Азир Алиу.

Фетаи подолго време го нема во јавноста, ниту одговараше на повиците и прашањата зошто не оди на работа и на седниците на Владата како министер. Официјално тој не е разрешен од функцијата.