Ахмети за ТВ21 проговори за Рамиз Мерко: „Да се отвори истрага и за целокупното делување, за сите, почнувајќи од мене“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шефот на ДУИ, Али Ахмети, првпат проговори за Рамиз Мерко, кој минатата недела беше ставен на американската црна листа поради сомневањата за корупција. Ахмети не го спомена заминувањето на Мерко од партијата, ниту од функцијата градоначалник, но е на став дека Мерко треба да биде под истрага.

„Господин Мерко мора да биде под истрага и апсолутно господин Мерко не се противи на ваквата постапка, бидејќи тој самиот е изгласан во Генералниот совет и во Претседателството на ДУИ, да се отвори истрага, за целокупната активност на Демократската унија за интеграција, од 2002 година до сега во моментот што зборуваме. Не можеме да станеме партија, обвинители и истражители и да одговараме на секоја клевета, ниту да работиме на откривање на вистината, тоа им припаѓа на органите на правдата“, вели Ахмети.

Ахмети повика да се отвори истрага за целата активност на ДУИ, за сите функционери, почнувајќи од него.

Ние цврсто стоиме на ова мислење да се отвори истрага за целокупното делување на ДУИ, за сите функционери, почнувајќи од мене. Господинот Мерко не избегнува да се соочи со истрагата и бараме што поскоро да се открие целата вистина“, вели Ахмети.