Ахмети за ТВ21: Синоќа имав тензичен разговор со Заев, не се согласувам со неговата одлука

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на Демократска унија за интеграција, Али Ахмети, за ТВ21 истакна дека синоќа имал тензичен разговор со премиерот Зоран Заев.

Тој вели дека не се согласува со неговата одлука да си даде оставка од премиерската функција.

„Вчера имавме доста тензичен разговор со Заев, дека не се согласувам со таквото движење, со неговата оставка од партијата и претседател на Владата. Му ги нагласив силните позиции на ДУИ. Овие се локални избори, ние пред 1 година победивме на општите избори и добивме мандат за да раководиме со политиките на државата. Така да и денеска повторно разговарав со Заев, му реков дека не можеме да направиме компромис за големи работи, за тој да се повлече. Да се разгледа во неговата партија оваа одлука која според мое мислење е забрзана и неоснована“, вели Ахмети за ТВ21.