Ахмети: Заев се извини за тоа што ги нарече албанците дека не вредат 5 пари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заев се извинил за тоа што во нелегално сниманите разговори кои беа објавени во изборната кампања ги нарекува албанците пет пари, откри вечерва лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за ТВ21

„Зоран Заев се извини за тоа што ги нарече албанците дека не вредат 5 пари“, одговори Ахмети на поставеното прашање во дебатниот магазин „Click Plus“.

Читај исто така:

Глас за кој Заев потврди дека е негов, се слушаше на една од поеќето објавени аудио снимки за време на изборната кампања, во кои лидерот на СДСМ за албанците вели дека не вредат пет пари.

Ахмети во „Click Plus“ на ТВ21 најави продолжување на партнерството со СДСМ бидејќи во изминатиот мандат направиле многу за граѓаните, но дециден беше дека Заев не се израдувал на победата на ДУИ.