Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во емисијата Топ Стори, ги повика албанските политички партии да се приклучат на Европскиот фронт. На прагот на парламентарните избори, Ахмети вели дека може да коалицира само со политички партии кои имаат прозападна ориентација. Тврди дека имаат волја да се обединат со другите политички партии.
Ахмети: Коалиција може да направиме само со тие сили кои имаат прозападна ориентација или определба.
-Кои се тие според вас?
Ахмети: Сите тие кои ги прифаќаат Уставните измени. Првите напори ги направивме со Европскиот фронт. На овој фронт да и се приклучат албанските политички партии, тие кои имаат добра волја. Првично да дадеме порака дека Албанците знаат да се обединат во важни моменти.
-Дали вие имате волја да се обедините со другите албански партии?
Ахмети: Секако, секако дека да!
Ахмети испрати порака до албанските политички партии да не коалицираат со партии кои не го поддржуваат европскиот пат на земјата.
„Многу е важно овие партии, посебно албанските партии, да не поддржат, да не одат по некоја македонска партија, која нема проевропски, прозападен, или сомнителен дискурс, алијанси кои ги создаде Русија прек своите сателити во Западен Балкан, како во Белград.“, вели Ахмети.
Ахмети е дециден дека не би влегле во коалиција со партија која ќе ги оспорува Преспанскиот договор, Охридскиот рамковен договор, Договорот за добрососедство и независноста на Косово.
