Ајдари до Сали: Ја утнавте работата со правосудниот испит – Сали: Проблемот ќе се реши и испитот ќе се полага и на албански

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Протестот на студентите за полагањето на правосудниот испит да може да се врши на албански јазик беше една од темите на опозициските пратенички прашања. Рина Ајдари од Европскиот фронт го праша првиот вицепремиер Беким Сали како гледа на одлуката на Министерството за правда да не прифатат полагање на албански јазик.

„Заменик премиер ја утнавте работата со законот за правосудниот испит каде што требаше да се реши за решавање на овој проблем за давање на испитот на албански јазик. Во практика Министерството за правда која денес излезе со истиот став наутро го одби ова барање и ги отфрли барањата на Инспекторатот, редуцирајќи го тоа на тест за јазикот. Како ги раководите одлуките кои легитимираат неприфаќање на албанскиот јазик кај албанските студенти“, рече Ајдари.

Вицепремиерот Беким Сали рече дека Владата ги слушнала барањата на студентите и дека во најскоро време ова прашање ќе биде решено, притоа обвинувајќи го ДУИ дека 22 години не направила ништо за ова прашање.

„За прв пат централната власт го слушнала гласот на студентите и ќе го реши нивниот проблем еднаш за секогаш. Ќе се полага значи на албански јазик ова ќе го покажеме многу наскоро пред вас и јавноста. Значи протестот на студентите е нормален револт и нивно право. Значи тие не протестираат за ВЛЕН тие протестираат за Европскиот фронт и ДУИ која 22 години не постигна ниту една усогласеност на законот за јазиците да го направи за овој закон“, рече Сали.

Ајдари го праша Сали и во однос на евроинтеграциите и обврската за уставните измени, за што како што рече Европскиот фронт собира потписи и зошто ВЛЕН се изјасни против тоа. Дали со тоа сте тргнале против европската агенда или е тоа неспособност да дејствувате надвор од диктатот на вашиот коалициски партнер, праша Ајдари.

Вицепремиерот Сали рече дека тој е целосно посветен на евроинегративниот процес а дека тоа се покажува со исполнување на реформската агенда.