АЈЛЕ – НАЈСТАРОТО ТУРСКО СЛАТКО: Сварете си домашно кафе и послужете ја оваа мека торта

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ајле – меко турско слатко на кое никој нема да може да одолее, се подготвува многу брзо и лесно

Турските колачи одлично се комбинираат со домашното кафе, па доколку сакате мир и одмор, задолжително подгответе вакво уживање:

Состојки:

  • 3 јајца
  • нецелосна чаша шеќер
  • кисело млеко 180мл
  • масло 50 мл
  • брашно 1 чаша (наместо брашно може да се користи гриз)
  • прашок за пециво 12гр
  • какао 1 лажица
  • кори за пита (10 парчиња)
  • путер за подмачкување

Сируп:

  • шеќер 2 чаши
  • вода 2 чаши
  • сок од еден лимон

Подготовка:

Корите за пита наредете ги во тавче како хармоника. Направете го филот од јајца, шеќер, кисело млеко, масло, брашно и прашок за пециво и какао.

Сварете ја агдата и оставете да се излади.

Печете ги корите во рерна 10 минути на 200 степени целзиусови. Потоа, истурете го филот врз печените кори. Печете го колачот на 180 степени Целзиусови околу 30 минути.

Топлиот колач прелијте го со ладниот шербет. Оставете го колачот да се впие шербетот, па ставете го во фрижидер. Послужете со домашно кафе.