На брифинг во Јавното обвинителство, беше соопштено дека се врши истрага и се собираат докази од министерството за финансии, после кажувањето од страна на премиерот Христијан Мицкоски дека има „дупка“ од 200 милиони евра, пренесува репотерот на ТВ21 од брифингот.
„Премиерот кажа дека има дупка од 200 милиони евра. Јас и ОЈО Скопје и ОЈО ГОК ангажиравме двајца обвинители и истражите и отидоа во Министерството за финансии после тој допрен глас дека има дупка. Tреба да ги земе сите компјутери, сите материјални докази, но тогаш државата не може да функционира. Јавните обивнители и објаснија на министерката што е институтот допрен глас и од наша страна им беше кажано како ние може да постапиме, и тоа од страна на министерката било кажано и на повисоко ниво. Од политичарите и медиумите лесно е да се каже дека не се постапува по допрен глас, бидејќи е невозможно. Оти ако ние ги соберевме сите компјутери од финансии за 10 минути ќе блокираше државата“, рече Љупчо Коцевски.
