„Ако нè бидува за муабет и шала можеа барем 5 амандмани да ни прифатат – толку ли не нè бидува?“, праша Мицкоски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување на јавниот сервис рече дека Власта можела да прифати барем 5 амандмани од илјадниците кои ги поднесе неговата партија.

„Умна Влада, паметна Влада со паметни политичари барем 5 амандмани ќе прифатеше од тие 1000 кои се поднесени. Барем 5 амандмани не залужија внимание од страна на Владата?“, праша Мицкоски, пренесува ТВ21.

Тој вели дека усвојувањето барем на пет амандмани ништо немало да ја чини власта.

„Толку ли ние не сме способни, толку ли не не бива? Па колеги сме ако не бива за муабет за шала, зошто да не може тоа што ние ќе го предложиме барем 5, еве не мора 100 да бидат. Толку ли ние не знаеме да дадеме амандмани, толку ли се спротивни на политиките?“, заклучи Мицкоски во гостувањето на јавниот сервис.