Ако одите во Грција, ќе ви требаат повеќе пари: Од денеска повисоки цени на патарините

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За 30 до 35% пораснаа цените на патарините во соседна Грција. Поскапувањето е и за патот „Егнатија“ кој го користат македонските државјани кога одат на одмор во оваа земја.

Поскапува патарината и на влезот од „Евзони“. Досега изнесуваше 1,80 евра, а од денеска е 2,40 евра. Во Аспровалта од 0,90 на 1,20 евра, во Кавала од 1,40 на 1,85 евра.

Единствено намалување на патарината е во Солун, на патот кон Атина, односно наместо сегашните 1,20 евра, од денеска ќе изнесува 0,90 евра. Исто така значително поевтинување има патарината на патот кон Прохамонас, кон Бугарија, од 2,00 на 1,90 евра.