Најмалку еден човек загина, а неколкумина се повредени во вооружен инцидент во главниот град на САД, Вашингтон.
Инцидентот се случи во квартот „Логан сиркл“, околу 1,6 километри североисточно од Белата куќа.
Според локалните медиуми, маж почнал да пука во фитнес клуб, при што усмртил најмалку едно лице, а неколкумина се повредени.
Напаѓачот е забарикадиран во зградата и сè уште не е уапсен.
