Ако патувате, внимавајте! Студентите го блокираат и автопатот Е-75 низ Белград

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Српските студенти денеска започнаа 24-часовна блокада на квартот „Автокоманда“ во Белград, низ кој минуваат клучните транспортни врски во главниот град.

Блокираната делница е дел од меѓународниот пат Е-75. Блокадата започна во 10:00 часот по локално време. Во 11.52 ч. им беше оддадена почит на жртвите од уривањето на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, кога загинаа 15 лица.

Студентите дојдоа во Автокоманда во две групи – од Студентскиот плоштад и од булеварот „Крал Александар“. Студентите од Земјоделскиот факултет пристигнаа со трактори. Учествуваат и земјоделци и моторџии. На чело на поворката е транспарент со повик до граѓаните на главниот град: „Гнили се до срж, излезете да не поддржите!“

Во текот на денот студентите ќе организираат различни протестни акции, а во 20 часот ќе ги вклучат светлата на телефоните и ќе ги читаат нивните барања. Можни се спонтани блокади и на други патни делници на територијата на Република Србија, без претходна најава. Полицијата го пренасочува сообраќајот.