ДУИ реагира на обидот да се нападне темелот на унитарността на државата – Рамковниот договор, историскиот договор помеѓу Македонците и Албанците како треба ова држава да се раководи и да се живее во неа. Ова го изјави Бујар Османи од ДУИ, во интервју за РСЕ, кој воедно рече ако се чепне јазикот, тогаш нема да има повеќе ниту Рамковен договор, алудирајќи на Уставниот суд, кој разгледува иницијатива за законот за употреба на јазиците. Премиерот, Мицкоски, кусо одговори на ова дека нема потреба ништо да се коментира.
-Зошто албанскиот јазик исчезнува во државните институции? Зошто Инспекторатот за јазици по секоја цена се убедува да го укинат? Тоа е прашањето. ДУИ реагира на обидот да се нападне темелот на унитарността на државата – Рамковниот договор, историскиот договор помеѓу Македонците и Албанците како треба ова држава да се раководи и да се живее во неа, вели Бујар Османи од ДУИ.
Новинар: Премиере, само еден коментар на изјавата на Бујар Османи дека доколку се чепне албанскиот јазик, нема веќе да има рамковен договор, споменувајќи ја тука претстојната расправа во Уставен суд.
Мицкоски: Па, мислам дека нема потреба да го коментирам тој човек!
