Заменикот на Алијанса за Албанците – крилото на Арбен Таравари, Халил Снопче во дебатниот магазин „Клик Плус“ изјави дека доколку се укине Законот за употреба на јазиците – албанскиот јазик и се одобри Законот за „бранители“, ВЛЕН ќе излезе од Владата.
Како што вели, тогаш Влен нема да има место во Владата.
„Поради руско влијание, доколку влезат во такви авантури и ние не го решиме проблемот навремено, тогаш ВЛЕН нема место во Владата. Какво место во Владата? Или со Законот за албански јазик или со Законот за „бранители“, рече Снопче.
