По објавата на ТВ21, Инспекторатот на Општина Тетово денеска ја продолжи акцијата за ослободување на јавните површини долж булеварот „Илирија“. Од Општината информираат дека дел од сопствениците на локали доброволно ја отстраниле робата од тротоарите, додека целта на акцијата е да се овозможи полесно движење на граѓаните. Општината упати апел и до останатите граѓани и бизниси да ги ослободат јавните површини.
„Инспекторатот на Општина Тетово во текот на денешниот ден ја продолжи акцијата за ослободување на јавните површини долж булеварот „Илирија“, со што се создаваат услови граѓаните полесно да се движат. Исто така, им се заблагодаруваме на сите сопственици на локали кои доброволно ја отстранија робата од тротоарите и изразија подготвеност за соработка со општинскиот инспекторат. Со соработка и целосен ангажман на сите страни, нашите улици и тротоари стануваат слободни за движење. Ги охрабруваме и ги поддржуваме и останатите граѓани кои ја отстрануваат стоката и другите предмети од тротоарите“, велат од Општината.
