Ал Наср пред Роналдо имал 500 илјади следбеници – сега ги има речиси 10 милиони

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кристијано Роналдо неодамна му се приклучи на Ал Наср од Саудиска Арабија каде 37-годишниот Португалец ќе стане најплатен светски фудбалер.

Тој потпиша договор на две и пол години, а неговата годишна плата ќе биде околу 200 милиони евра, но во оваа сума е вклучен и комерцијалниот дел од договорот.

Ова е највисоката плата во историјата на фудбалот, па Роналдо ќе заработи половина милијарда евра додека трае договорот.

Славниот Португалец ќе заработи нереално богатство во Ал Наср, но еден од најголемите играчи досега добро ќе им се исплати на Саудијците.

Особено во однос на маркетингот.

Пред да се шират гласини дека Роналдо може да потпише за Ал Наср, помалку од 500.000 луѓе го следеа тој клуб на Инстаграм.

За помалку од една недела доби повеќе од 9 милиони нови следбеници, а сега има повеќе од гиганти како Рома, Бока, Ривера, Интер, Ајакс, Фенербахче… И таа бројка продолжува да расте од час во час.