Алармантно! Наместо на македонски, се повеќе деца комуницираат на англиски јазик!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дел од денот го поминуваат по паркови, а другиот дел на паметни телефони. Во денешно време децата пред да научат да зборуваат на мајчин јазик, учат англиски. Тоа се случува поради видеоигрите и Јутуб платформата, односно прекумерната употреба на паметните телефони.

„Здраво јас сум Галена Злетски и имам 7.5 години. Родена сум во Скопје и живеам во Центар“.

„Моето име е Миа!

Колку години имаш?

„Шест!

Дали гледаш Јутјуб?

„Да!

Од телефон?

„Да.

Од таму си го учила јазикот?

„Да“.

„Јас играм Мајнкрафт и јас понекогаш Мајнкрафт.

Гледаш Јутјуб?

„Да“.

На англиски или македонски?

„На англиски.

Родителите се загрижени и велат дека стравуваат дека нивните деца ќе го заборават мајчиниот јазик бидејќи постојано забележуваат дека користат разни фрази или коминуцираат на англиски јазик.

Психологот Сабрије Тефики вели дека мобилните телефони и постојаната изложеност на онлајн платформи го нарушуваат балансот меѓу мајчиниот и странските јазици, при што децата често почнуваат да употребуваат непристојни изрази, да имитираат акцент, вокабулар и начин на изразување кои не се соодветни за нивната возраст и културен контекст.

„Се нарушува богатството и точноста на мајчиниот јазик кај децата. Може да се појави и доцнење во говорниот развој, особено ако тие континуирано се изложени на екран и немаат интеракција. Ова доведува до задоцнет развој во мајчиниот јазик споредено со она што се смета за нормален развоен праг. Друг негативен аспект е и слаба концентрација при пишаниот јазик, како и користење на несоодветни изрази“, вели Сабрије Тефики.

Додека младите меѓусебно комуницираат на странски јазик, двата официјални државни јазици – македонскиот и албанскиот – се соочуваат со предизвици поврзани со недоволно познавање.

По повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот јазик, претседателката Гордана Силјановска Давкова изјави дека сѐ уште се присутни знаци на балкански национализми, кои според неа, не го прифаќаат македонскиот идентитет.

Од друга страна, во Уставниот суд се оспорува Законот за употреба на албанскиот јазик.