Филипче ќе го номинира Горан Герасимовски за потпретседател на СДСМ: Партијата дополнително се зајакнува

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче најави дека ќе го номинира актуелниот градоначалник на Центар, Горан Герасимовски за нов потпретседател на партијата.

„СДСМ дополнително се зајакнува. Со задоволство ги информирам членовите дека Горан Герасимовски ќе го номинирам за нов потпретседател на СДСМ.

Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на општина Центар. Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда дека резултатите, блискоста со луѓето и искрената работа секогаш се препознаваат.

Убеден сум дека Горан, со своето искуство, работа и искрена желба, ќе внесе нов импулс, ќе ги обедини сите наши капацитети против криминалната власт и ќе даде придонес во градењето на уште посилен СДСМ.

Продолжуваме заедно, со посветеноста и новата енергијата на целиот наш тим, за подобра иднина на Македонија“, напиша Филипче на социјалните мрежи.