Албанија: 156 повредени во четиридневните протести – меѓу нив 97 полицајци и 4 малолетници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за внатрешни работи на Албанија, Ервин Демо, повторно се огласи во врска со насилните протести во главниот град, соопштувајќи дека се повредени 156 граѓани, меѓу кои 97 полициски службеници, 45 демонстранти и 12 случајни минувачи.

Во својата објава, министерот се осврна и на учеството на малолетници во протестите, повикувајќи ги родителите да не дозволуваат нивните деца да бидат користени во политичката борба.

Демо го оцени насилството како обид за насилно преземање на власта, нагласувајќи дека ништо нема да го запре патот на Албанија кон Европската Унија.

„На сите им посакувам брзо закрепнување и сакам да ве потсетам дека имаме многу повеќе причини да се обединиме и да работиме за доброто на земјата, отколку да се пресметуваме во име на некого кој сака другите, заслепени од омраза и пламените јазици на поделбите, да ги извлечат костените од огнот на политичката борба. Во сеќавање ми останаа зборовите на еден лекар од Трауматолошката болница, кој рече: „Кога ќе дојдат овде, сите се губитници, никој не е победник“.“, напиша меѓу другото Демо.