Албанија: Епидемијата со корона вирусот почна негативно да влијае врз економијата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Иако Албанија нема регистрирано случаи на коронавирус, албанската економија почнува да ги чувствува првите негативни ефекти на епидемијата.

Претприемачите се жалат дека поради затворањето на фабриките во Кина прекинато им е снабдувањето со суровини.

– Но, проблемот во снабдувањето со суровина е само една од последиците. Најголем удар за,пред се малите претпријатија, е блокирање на продажбата во Италија, главниот пазар каде одат албанските готови производи, наведува Топ чанел.

Конфекциските и чевларските бизниси се најголемата извозна група во Албанија, каде се и најголемиот број вработени.

Доколку епидемијата трае подолго, тогаш ефектите врз економијата ќе бидат уште потешки, проширувајќи се на туризмот, двата главни извори на девизи што влегуваат во земјата.