Албанија ќе бара од ЕУ да се продолжи процесот на пристапување без Македонија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјавил дека Албанија ќе бара од Европската унија да го продолжи процесот за пристапување одвоено од Северна Македонија.

Рама истакнал дека не е оптимист за тоа дека Бугарија наскоро ќе го укине ветото, а додал и дека Албанија веќе не може да чека да се реши спорот.

Рама нагласил дека Албанија има добри односи со двете земји, но дека резултатите од тамошна анкета со повеќе од половина милион испитаници покажале дека 67 отсто од граѓаните сакаат патот на членството на двете земји да биде разделен, пренесува РСЕ.