Албанија прогласи енергетска кризна состојба – дали и во Македонија ќе има шокови, за компаниите или за граѓаните?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата на Албанија прогласи итна состојба за снабдување со електрична енергија по покачувањето на цената минатата недела. Премиерот Еди Рамаво изјава за медиумите по вонредната седница на владата, рече дека прогласувањето на итна состојба за снабдување со електрична енергија, и даде на владата можност да интервенира со финансиски и административни инструменти.

„Одлуката за итна состојба е диктирана од општа состојба на вртоглавото покачување на цената на електричната енергија на меѓународните пазари и и дава можност на владата да интервенира, било со   финансиски инструменти било со инструменти од административна природа. Денеска со оваа одлука отвораме пат за натамошно извршување на специјалниот план, за соочување со оваа состојба и планот ќе биде објавен утре“, истакна Еди Рама.

Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски по средбата со Стопанската комора рече дека според планот за 2021-2022, количините на јаглен од домашно производство 100% ќе го пополнат производството на електрична енергија за ЕВН Хоум, додавајќи дека дополнителните количини на електрична енергија кои се потребни во моментов, итно можеме да ги обезбедиме само со интервентен увоз на јаглен.

Но дали ова ќе се одрази и во нашата земја? Премиерот Зоран Заев тврди дека државата финансиски е стабилна, а министерот за економија, Крешник Бектеши уверува дека нема да има енергетска криза. Тој рече дека доколку има шокантно поскапување на цените тогаш како министер ќе интервенира веднаш со замрзнување на цените. По тој повод реагираше професорот Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ воедно и екс министер за финансии кој рече дека покачувањето на платите и замрзнувањето на цените не може да се случи истовремено како што најави Владата.

По најавувањето на енергетска криза и поскапување на струјата, од Владата исто така известија дека од тој аспект преземаат мерки за зголемување на домашното производство и активирање на третиот блок на РЕК Битола.