Албанија протера руски дипломат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Албанската влада протера руски дипломат поради наводно кршење на мерките против коронавирусот, јавува албанскиот „Топ ченел“.

Министерството за надворешни работи на Албанија му наложил на рускиот дипломат Алексеј Кривошев за 72 часа да ја напушти земјата, наведувајќи дека руската страна од април минатата година се внимава на него во врска со однесувањето.

„И покрај ветувањата, рускиот дипломат продолжи со кршење на мерките“, наведува албанското министерство за надворешни работи.

Министерството истовремено изразило подготвеност за продолжување на пријателската соработка со Русија, изразувајќи надеж дека Москва ќе ги „разбере причините поради оваа одлука“.