„Албанска куќа“ на плоштадот во Брисел – доколку влезете внатре ќе заборавите дека се наоѓате во Белгија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На централниот плоштад во Брисел, покрај државното знаме, можете да го забележите и црвено-црното знаме. Во витрината на овој салон оддалеку можете да забележите везови, облека, инструменти и други традиционални албански елементи. Кога ќе влезете, заборавате дека сте во Брисел.

Во Шќипвиле (ShqipVille), како што се нарекува проектот на овој дом на културата, бевме срдечно пречекани, како и секој турист, од сопственичката Ледја Цанај и нејзиниот соработник Вилдан Максути.

„Не го посетуваат само Албанци, го посетуваат многу националности, досега сме домаќини на повеќе од 32 илјади луѓе за скоро четири месеци, направивме над 600 интервјуа со 52 различни националности и зборувани 12 различни странски јазици покрај нашиот драг албански јазик. Имаме амбиција албанскиот јазик да го претвориме во тренд, тој што ќе зборува албански ќе биде во тренд и омилен. Имаме уште еден збор што го користиме овде, имате инает, ние сме Албанци“, вели Ледја Цанај.

„Идејата е во иднина да има албански театарски фестивал, филмски фестивал. Театарските куќи што се во Македонија, Косово и Албанија треба да дојдат да ги прикажуваат своите филмови овде, филмовите што се случуваат секаде каде што има Албанци, идејата е да се направи фестивал на албански филм. На пример недела на албанскиот филм. Ова е сонот на домот на културата кој треба да се оствари“, вели Вилдан Максути.

Во овој простор се организираат низа уметнички и културни активности, можете да вкусите вино, да купите традиционална храна, книги, или едноставно да го посетите како музеј.

Цанај го отвори локалот со самофинансирање на 28 ноември минатата година и вели дека досега албанските институции воопшто не го поддржале, па не се знае колку долго може да го одржи во живот проектот. Идејата  е промовирање и зачувување на наследството, културата и албанскиот јазик, а целта е воведување на албанските производи на белгискиот пазар, а потоа и во другите земји.