„Албанската кауза пред и по Хасан Приштина“ – Приштина: Востаниците, референтна точка за националните политики

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје се одржа трибина на тема „Албанската кауза пред и после Хасан Приштина“, на која присуствуваа функционери и историчари. Говор одржа и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој раскажа колку многу научил од делото на Приштина.

-Хасан Приштина ќе останеше патоказ за целото албанско патриотско движење. Неговата прва порака беше дека не се потребни ниту чифлизи, ниту богатство без слобода, без интеграција, без држава и неслучајно го „стопи“ целото богатство, бидејќи без интеграција и суверенитет, без национална слобода, сите чифлизи ќе останеа како меурче од сапун. Многу научивме од овој патриот-изјави Ахмети.

Наследникот на Хасан, Мемет Приштина вели дека албанските востаници што го ослободиле Скопје ќе останат референтна точка.

-Албанските востаници ќе останат во нашето сеќавање не како момент на слава за нашите обиди за држава и нација, туку како референтна точка за ориентација на нашите национални, културни, економски и воени политики како сега, така и во иднина-рече Приштина.

Настанот се одржа во рамките на одбележувањето на „100-годишнината – Хасан Приштина премиер на Албанија“.