Албанската полиција соопшти: Ќе се забрани собир на повеќе од 10 лица во Тирана

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Албанската полиција денеска преку соопштение истакна дека ќе се забрани собирање на повеќе од 10 лица во Тирана.

Според соопштението, полицијата е свесна за правото на луѓето да протестираат, но судството ја работи својата работа против убиецот на 25-годишно момче, но бидејќи протестите се претворија во немири и уништување на имотот, полицијата нема да толерира никакви собири.

Истовремено, полицијата ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките за спречување на ширање на коронавирус, за да не дојде до повторно затворање на границите.

Во Тирана синоќа беше одржан петтиот по ред протест за убиството на 25-годишниот Клодјан Раша од страна на полициски специјалец, но за разлика од претходните, мина помирно и со многу помало присуство на демонстранти.