Пожар кај Бит Пазар во Скопје – шест противпожарни возила интервенираат на терен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пожар избувнал во објект кој се користи како куќа и магацин во близина на Бит Пазар во Скопје.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека на терен се екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје, кои интервенираат со шест противпожарни возила.

„Во близина на Бит Пазар гори куќа, односно магацин, а во моментов Противпожарната бригада на Град Скопје интервенира со шест противпожарни возила“, соопштија од ЦУК за ТВ21.

Засега нема дополнителни информации за причините за избувнувањето на пожарот, ниту за евентуални повредени лица или причинета материјална штета.

Од ЦУК најавуваат дека повеќе детали ќе бидат соопштени по завршувањето на интервенцијата на противпожарните екипи.