Албанскиот фудбал во тага: Почина поранешен фудбалски репрезентативец и легенда на Фламуртари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фудбалскиот клуб Фламуртари се прости од својот поранешен фудбалер Агим Бубеќи, кој почина на 63-годишна возраст, оставајќи трага во историјата на клубот од Валона.

Бубеќи бил пронајден мртов во својот стан во Валона. Тоа што го немало неколку дена, ги аламрирало соседите. Се претпоставува дека

Од клубот упатија искрени сочувства до семејството, роднините и целата спортска јавност по повод загубата на Бубеќи, кој беше дел од генерацијата на „црвено-црните“ во нивните најславни години.

„ФК Фламуртари изразува најискрено сочувство по повод смртта на Агим Бубеки, поранешен фудбалер од златните години на нашиот клуб. Неговиот придонес и неговото име ќе останат дел од историјата и сеќавањето на црвено-црното семејство“, објавија од клубот.

Фламуртари дополнително изрази сочувство до најблиските на поранешниот фудбалер, како и до целата спортска заедница.

„Искрено сочувство до семејството, роднините и целата спортска заедница“, стои во објавата на клубот.

Бубеќи за албанската репрезентација одигра шест натпревари.