Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во Европската Унија предизвикува околу 35.000 смртни случаи годишно, станува сè пораспространета појава. Тоа ги поттикнува барањата за посеопфатен пристап во справувањето со еден од најголемите предизвици за јавното здравје, предупредуваат експертите.
„Отпорноста на антибиотици се појавува кога микроорганизмите повеќе не можат да се лекуваат со лековите што вообичаено ги користиме за нивно сузбивање“, објасни професорката на Универзитетот Мејнут во Ирска, Фиона Волш.
Нејзиното истражување е насочено кон антибиотската резистенција во контекст на здравјето на луѓето, животните и животната средина, пренесува „Еуроњуз“.
