Албанскиот јазик отстранет од меморандумите! Царовска вели нема промени, но соопштенијата се испраќаат само на македонски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мила Царовска е новата министерка за образование и наука. Не помина ниту еден месец од нејзиното доаѓање на чело на овој ресор, направи измена. Логото на службените меморандуми кои досега беа на два јазика, сега е само на македонски. Поради тоа, побаравме одговор од министерката Царовска – зошто албанскиот јазик не фигурира на меморандумите?!

Со доаѓањето на Царовска, и соопштенијата на МОН почнаа да се пишуваат само на македонски. Директорот на Агенцијата за јазици, Илбер Села, вели дека досега до нив не пристигнала ниту една поплака дека МОН го крши Законот за употреба на јазиците, но во случај да дојде до тоа, како што вели, ќе го разгледаат случајот.

-Официјално немаме добиено ништо, никаква жалба. Доколку пристигне поплака, јас ќе се обратам до институциите. Ако институциите не го спроведат, како што предвидува законот, тогаш формиран е и Инспекторат кој ги казнува институциите. Таму не можам да навлегувам, бидејќи тоа не е моја работа како директор на Агенцијата-вели Села.

Инаку, Законот за употреба да јазиците предвидува во сите државни органи во Македонија, втор службен јазик покрај македонскиот и неговото писмо, да биде и јазикот кој го говорат 20% од населението во Република Македонија.