Албанскиот министер за надворешни работи поднесе оставка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

В.Д. министерот за надворешни работи на Албанија, Гент Цакај, денеска поднесе оставка.

Цакај оваа информација ја објави на својот „Твитер“, притоа не ги наведе причините.

„Ја предадов оставката на премиерот Рама како вршител на должноста министер за Европа и за надворешни работи. Тоа е тоа драги мои: од различни причини“, напиша Цакај.