Претседателот на Алтернатива Зеќирија Ибрахими, во гостување во Клик Плус, демантира дека ВМРО-ДПМНЕ ги присвоила ресурсите кои претходно ги воделе Албанците, поточно ДУИ.
Зеќирија Ибрахими: Во овој парламентарен и владин состав, каде што е коалицијата ВРЕДИ, го наследуваме целиот дел од власта што го имаше ДУИ.
-На ниво на директор?
З.И.: Во секое ниво.
-Како на секое поле, го немате МНР…
З.И.: Ама ова не е аргумент… треба да се види колкав е бројот на министерства и колкав процент министерства има ВРЕДИ денес. Од трите највисоки државни функции го имаме претседателот на Собранието, од делот на министерствата имаме 30% од министерствата. Сега се чини дека МНР го презеде ВМРО а ние го презедовме Министерството за животна средина, Министерството за финансии го презеде ВМРО и ние го презедовме Министерството за социјала, но зачувана е рамнотежата, така што Албанците се застапени со минимум 25% во секој владин ешалон.
Ибрахими вели дека Албанците се достојно застапени во проценти а од раководни позиции се отстранети индивидуи назначени од СДСМ.
„Тие не се отстранети бидејќи се Албанци, туку бидејќи се од СДСМ и на нивно место доаѓа кадар на ВМРО. Назначувањата што беа од ДУИ, тој кадар се замени со СДСМ, но нема никакво исклучување на ниеден Албанец од ниедно работно место“, вели Зеќирија Ибрахими.
По оваа изјава реагираше екс заменик директорот на Национални шуми, Сафет Мифтари.
„Заменик директор на Национални шуми бев јас и сум заменет со кадар на ВМРО, и не бев кадар на СДСМ туку на Села. Отстранети се 60 вработени Албанци. Со решение се отстранети. Сега и директорот и заменикот се Македонци, а беа петмина Албанци. 10 шефови на сектори сите се сега Македонци. И не само тоа, 30 директори на регионални единици сите се Македонци, 9 члена на Управниот одбор се Македонци, а беа 5 Албанци, 10 шефови на сектори сите се Македонци“, вели Сафет Мифтари.
Од вкупно 23 министерства колку што брои новата влада, ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски управува со 15, 6 министерства се на ВРЕДИ и 2 на ЗНАМ.
