Александров: ИТН целосно го поддржува пристапот и напорите на Владата за нова динамика во односите со Северна Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 Партијата „Има таков народ“ (ИТН) целосно го поддржува пристапот и заложбите на Владата за воведување нова динамика во односите со Република Северна Македонија, истакна бугарскиот пратеник Александар Александров во изјавата во име на пратеничката група на ИТН по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

– Веруваме и убедени сме дека постојаната соработка во економијата, културата, спортот и во чисто човечките односи е во корист на двете страни, нагласи Александров.

Тој увери дека ИТН не го оспорува правото на идентитет на Северна Македонија „така, како што се чувствува“, но не поддржува наменска промена на историјата. ИТН инсистира и на почитување на Договорот за добрососедство, објави БТА.

Според Александров, „Гоце Делчев е херој и на двете земји и не треба да има спорови“. Тој повика да нема „премногу возбудени пораки“ за тоа колку работи ги делат двата народа, туку да размислиме за она што не обединува.